
ИСТРАЖУВАЊЕ: ФБ рејтинг на политичарите
МКДенес реализираше истражување на поддршката од граѓаните, која ја имаат македонските политичари на социјалната мрежа Фејзбук, со одредена резерва поради типот на фан страните. Кај некои од нив видливи се само следбеници, а кај други тоа се реални допаѓања од граѓаните.
И самата потреба некој од нив да биде следен на ФБ од граѓаните, зборува за неговата поддршка или политики кои ги презентира преку оваа социјална мрежа.
МКДенес направи избор само на дел од нив, кои имаат активни фан страни, со потврден идентитет и се најчесто присутни на мрежата или во јавност. Останатите кои не се во ова анализа или немаат официјална фан страна или не се присутни во јавност. Остануваме отворени за дополнување по нивна сугестија или на Вас граѓаните.
Апсолутни шампиони се Груевски и Заев во категоријата над 200.000 поддржувачи.
- Лидерот на СДСМ и шеф на Влада, Зоран Заев со поддршка од над 230.000, а го следат над 240.000 граѓани.
2. Почесниот лидер на ВМРО ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, кој го поддржуваа над 220.000, но го следат над 300.000 граѓани. Што значи тој по број на следбеници избива на првото место.
Во категоријата до 100.000 поддржувачи се:
3. Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села со над 88.000 поддрувачи, но со над 98.000 следбеници доаѓа пред претседателот Пендаровски.
4. Претседателот на Републиката, Стево Пендаровски, но само по над 95.000 следбеници, без поддржувачи.
5. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со над 86.000 поддржувачи, а со над 92.000 граѓани кои ги следат неговите постови на ФБ.
6. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска со над 80.000 поддржувачи и над 84.000 следбеници.
7. Лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски со над 75.000 поддржувачи, но не може да дојдеме до бројката на граѓани кои ја следат неговата фан страна.
8. Министер за полиција и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски со над 65.000 поддржувачи, но со над 76.000 следбеници.
Следна категорија до 50.000 поддржувачи се:
9. Ген. сек. на СДСМ и вицепремиер, Љупче Николовски кого го поддржуваат над 41.000 граѓани, а има 44.000 следбеници.
10. Поранешниот пратеник и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев со над 40.000 поддржувачи и над 41.000 следбеници.
11. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши со околу 37.000 поддржувачи, а над 38.000 следбеници.
12. Министер за надворешни работи, Бујар Османи со скоро 34.000 поддржувачи и над 36.000 следбеници.
13. Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески со над 33.000 поддржувачи, а над 34.000 следбеници на неговите постови.
14. Градоначалник на Скопје, Петре Шилегов со околу 33.000 поддржувачи, но со само 21.000 следбеници.
15. Вицепремиер за европски прашање, Никола Димитров со над 32.000 поддржувачи и над 34.000 следбеници.
16. Поранешниот пратеник, Илија Димовски со над 31.000 поддржувачи и над 32.000 следбеници.
17. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев со над 30.000 поддржувачи и над 33.000 следбеници.
Наредна категорија до 30.000 поддржувачи се:
18. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски со над 24.000 поддржувачи и над 25.000 следбеници на неговите ФБ активност.
19. Вицепремиерот Артан Груби со околу 23.000 поддржувачи и околу 22.000 следбеници.
20. Градоначалник на Гостивар и ген. сек. на АА, Арбен Таравари со скоро 23.000 поддржувачи и над 23.000 следбеници.
21. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски со над 22.000 поддржувачи, но со над 26.000 следбеници, со што тој избива пред неговиот колега Мисајловски.
Предпоследна категорија до 20.000 поддржувачи припаѓаат:
22. Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски со над 14.000 поддржувачи и над 15.000 следбеници.
23. Поранешниот ген. сен. на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев со над 14.000 поддржувачи и над 16.000 следбеници.
24. Лидерот на Беса, Билал Касами со над 14.000 поддржувачи и скоро 15.000 следбеници.
25. Заменик претсаедател на СДСМ и директор на УЈП, Сања Лукаревска со над 13.000 поддржувачи и скоро 14.000 следбеници.
26. Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски со над 13.000 поддржувачи и ист број следбеници.
27. Генералниот Секретар на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски со 11.000 поддржувачи и над 12.000 следбеници.
28. Кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска со над 10.000 поддржувачи и над 11.000 следбеници.
29. Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев со над 10.000 поддржувачи и исто толку следбеници.
Во категорија под 10.000 поддржувачи доаѓаат:
30. Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милески со над 9.000 поддржувачи и исто толку следбеници.
31. Пратеник и кандидат за градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски со над 8.000 поддржувачи и исто толку следбеници.
32. Лидер на ДОМ, Маја Морачанин со над 6.000 поддржувачи и исто толку следбеници.
33. Кандидат за градоначалник на Скопје, Бени Шаќири со околу 2.600 поддржувачи.
Бројката е 33, но во иднина може да се дополнува и табеларно да се прикаже за подобар преглед.
3 comments
Comments are closed.