НATO на гpaница, Лyкaшeнкo плaчe кај Пyтин

Свет

НATO пристигна на границите на Белopycија, воени маневри во непосредна близина на Гродо. Лукашенко плаче кај Пyтин, добил параноја, моли за помош.

Лидерот на Белopycија, Александар Лукашенко, наредил воздушно десантната бригада да биде префрлена во градот Гродно, кој се наоѓа во близина на границите со Полска и Литванија.

Во Полска и Литванија се одржуваат воени вежби на НATO силите. Ние не можеме на тоа да гледаме смирено. Кога го слушав извештајот на началникот на Генералштабот забележав дека нашите војници се загрижени за истиот проблем. Затоа барам, со оглед на напнатата состојба на западните граници, да ја префрлиме воздушно десантната бригада од Витебск во Гродно. рече Лукашенко.

Денес, белopycкиот лидер одржа состанок во Центарот за стратешка контрола на Министерството за одбрана на Белopycија. Тој објасни која е неговата главна цел во моментот.

Во моментов немам други цели освен да зачувам независна и стабилна држава, рече Лукашенко.

Тој додаде дека земјата има доволно ресурси за да ја обезбеди безбедноста на Белopycија.

Претседателот на Белopycија, Александар Лукашенко изјави дека се договорил со претседателот на Русија, Владимир Пyтин, за давање помош во случај тоа да биде потребно.

Се договорив со Пyтин дека при првата наша молба, Русија ќе обезбеди сеопфатна помош со цел да се обезбеди безбедноста на Белopycија, рече Лукашенко!