
ГРУЕВСКИ беше понижен и поразен
Поранешниот премиер Никола Груевски е познат по фактот дека често носеше победи на изборите, а со Македонија владееше повеќе од 11 години во буквална смисла на зборот.
Но еднаш доживеа најтежок пораз во животот на негов изборен настап! Сите ќе помислите дека тоа беше на локалните избори во 2017 година, кога беше буквално прегазен. Но не, Никола има доживеано друг поголем пораз.
Тоа беа изборите на 15ти септември 2002 година. Црвенковски беше носител на листата во првата изборна единица. Конкурент му беше Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ. Тоа е најтешкиот личен пораз на Груевски во неговата кариера, ако не се смета поразот на локалните избори во 2017 година. Во “единицата” Црвенковски имаше 13, а Груевски само четири мандати.
После тој пораз, Никола Грувески стана лидер на ВМРО ДПМНЕ, не се поколеба и победи на следните парламентарни избори во 2006 година со низок резултат, но како резултат на изборен инженеринг станува премиер на Македонија.
Во наредниот период Груевски не е поразен се до локалните избори 2017 година, кога се повлекува од официјална политичка позиција, но останува да управува со ВМРО ДПМНЕ од позадина. Сеуште се надева дека ќе се врати на политичка сцена и активно десјтвува позадински, но и преку медиумите и социјалните мрежи.