
ДOБPO УТPO од аматepката и шeфoт на Aпacиев
“MЕ NЕ FRЕGО”
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Ако Димче е црнокошуљаш, кој е тогаш Ил Дуче? Впечатливо кај Димче е тоа што постојано ја истакнува црнината на себе и мрачноста во своите говори и ставови. Знаејќи дека секоја боја си има и своја симболика, очигледно е дека му прилега. Фактот дека црната боја ја апсорбира целата светлина во спектарот на бои, тој успева да биде впечатлив и поразличен од останатите, физички.
Но, овие што тргнале по него треба да се свесни дека црното често се користи како симбол на закана или зло. Ако размислат подобро ќе им текне дека со некои негови дејствија и говори го покажал истото. Црното е популарно и како индикатор на моќ. Се користи за да претставува предавнички карактери како што е Дракула и често се поврзува со вештерство. Црното е поврзано со смрт и жалост во многу култури, па и низ политичката историја. Тој често себеси знае да се нарече црнокошуљаш и тоа го прави со особена гордост. Што всушност сака да ни порача?!
Од она што го говори и пишува демек има намера да го ослободува својот народ од повеќедецениска диктатура и ќе го урива капитализмот, а ќе изгади нов социјалистички систем! Во пракса пак, одлично се снаоѓа во капиталистичкиот систем, добро напредува, но и добро заработува. Спобратимен со тие кои би требало да ги “руши” игра на политичка сцена, а од пишаното и кажаното претходно ни трага ни глас. И така со неговите дејствија добива сјај и полека станува црно – светол! Оксиморон по дефиниција.
Ајде да речеме дека со црнава кошула, сака да биде поистоветуван со црнокошуљашите на Ла Дуче односно Мусолини. А и поведението исто така му наликува на “ME NE FREGO” односно ИЧ НЕ МИ Е ГАЈЛЕ што е мото на мрачната толпа на црнокошуљашите од Дуче. Знаејќи дека Дуче бил диктатор, како овој нашиов црнокошуљаш ќе го спасува народов од диктатура?
Или лута со идентитетов или има скриени намери. Но едно нешто е интересно во целава негова црнотија. Доколку тој е црнокошуљаш кој е тогаш (Ла Дуче) диктаторот? Кој е тој што со помош на неговиот “мрачен марш” треба да дојде и да одржи говор во народното собрание и да добие апсолутна власт? Интересно нели?
Да се надеваме дека се поистоветува единствено со моќта на црната боја. Дека се соодветствува само со неговите внатрешни особини, агресија, студеност и празност и дека нашиов народ нема да дозволи да дојде до ситуација ME NE FREGO!