
ДОБРО УТРО од аматерката со чудата на Св. Зајко Муртински
Чудата на Св. Зајко Муртински
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Секое чудо за три дена! Неодамна беснееја пожари низ државава, на некои им беше загрозен имотот, на некој животот од неспособноста надлежните да одговорат на задачата за која се платени. Штетите пак, се огромни. Се заврши со неколку фотографии од функционери од местото на настанот сакајќи да прикажат на јавноста дека жалат за настанот. Толку. Штама. Нема одговорност.
Се случи трагедија во ковид центар овојпат и со жртви. Истиот пристап. Неколку фотки од местото на настанот пропратени со глума за загриженост. Одговорност, јок! Несакаат да слушнат. Освен тетралноста со “пинг – понг” оставките, сериозен пристап нема и овој пат.
Затвореник на “заслужен” одмор предизвика сообраќајка. Никому ништо. Среќа што на одмор не е пуштен некој сериски убиец да си ја дозаврши работата. Резил. Одговорност нема.
А им се чудам на лозарите! Зошто мислат дека ќе им задржат внимание на овие безчуствителни створења со нивниот начин на изразување незадоволство?! Па нели разбраа дека ништо не допира до нив! Тие сурово маршираат кон целта газејќи и по човечки животи, па за грозјето ли ќе се подзамислат?!
Па денес уште еден “спектакл” Совет за безбедност! Па тој совет од кои (не) луѓе е сочинет? Од истите овие претходно споменатите. И демек нешто ново ќе ни соопштат?! Не!
Секое чудо за три дена! И ова ќе се “заташка” и ќе чекаме некој нов скандал со надеж дека нема да голтне човечки животи.