НАЈНОВО: ЕУ против Отворен Балкан, Заев во паника

Балкан, Свет

Бриселската администрација негативно ја оценува иницијативата Мини Шенген (Отворен Балкан) на лидерите на Македонија, Србија и Албанија и смета дека со тоа се поткопува евроинтеграцијата на регионот. ЗАЕВ во паника, доби клоца и од Брисел. Следна е од Вашингтон!

Во Европската комисија сметаат дека Отворен Балкан на Рама, Вучиќ и Заев е во целост некомпатибилно со иницијативата за регионален развој заедно со Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, соопштуваат дипломатски извори во Брисел.

Проценката на ЕК е дека не треба да се поддржи оваа иницијатива затоа што се смета дека со ова се намалува стратешкото партнерство на ЕУ со Балканот. ЕУ ќе преземе мерки за минимизирање на оваа иницијатива, велат нашите дипломатски извори. Со други зборови Заев ќе добие „заушки“ од Брисел!

И во извештаите на медиумите на земјите членки на ЕУ се истакнува оваа резерва на бриселската администрација. Италијанскиот дневен весник Стампа јави дека ова е нормална реакција на одложувањата на преговорите за членство на овие земји и барање алтернатива на магловитата европска перспектива.

Францускиот весник Либерасион го забележува отсуството на Косово, чиј „левичарски националистички премиер Албин Курти вели дека повеќе би сакал да се приклучи кон Берлинскиот процес“.

Бугарскиот весник Дума оценува дека во Брисел за Мини Шенген се зборува како за интеграциски сепаратизам со кој наместо европско сојузништво се создава некаков балкански сојуз.

„Балканските лидери (Рама, Заев и Вучиќ) ја примија пораката дека ќе мора да чекаат на ЕУ, а САД ги поддржаа европските напори.