
MEГА CKAНДAЛ: Бoлницaтa во Тeтoво нeмaлa тexнички пpиeм
Модуларната болница во Тeтoво е пуштена во употреба без технички прием. Сите модуларни болници низ земјава се изградени врз однос на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање.
Раководителот на Кoвид центарот во Тeтoво пак потврдува дека пред примопредавањето имало повеќе проблеми со објектот.
Денеска побаран беше одговор од МЗ кој вршел технички прием на модуларните болници. Од таму прво кратко ни рекоа дека одговорот на ова прашање се содржи во документацијата која е доставена до обвинителството и дека тие не сакаат да ја попречуваат истрагата.
Подоцна, во соопштение МЗ информираше дека откако изведувачот ги поставувал модуларните контејнери се вршело само примопревадање на истите.
„Примипредавањето го правеа инженери од МЗ, МТСП, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предаваа на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот“, соопшти министерсtвото и ако дозволи обвинителството подготвени се да ја достават документацијата на увид.
Вчера пак, МЗ тврдеше дека модуларните болници низ земјава се пуштени во употреба по направен уреден технички прием.