ВOJНA вo MНP: Се вклучи и сyдиjaта Бyjaр Ocмани

Македонија

Веќе неколку дена дипломатскиот скандал ја тресе јавноста, а сите креваат раменици на прашањето кој го криел случајот. Откако се „cтeпаа“ двете Николи (Никола Димитров и Никола Поповски) се вклучи и сyдиjaта на мeчoт, актуелниот МНР Бујар Османи, кој вели дека единствено нешто што го добиле е писмо од МВР и тоа во 2019 година преку кое се барало информации за тројцата дипломати меѓу кои е и уапсениот Миле Миленковски. Ние немавме никакво известување дека има таканаречена црвена потерница во МВР за нив вели Османи, кој најавува целосен ветинг во дипломатијата.

„Единствен документ кој што е стигнат во МНР и тоа на 10 месеци пред јас да дојдам овде е едно писмо од МВР во кое што само прашуваат дали овие тројца дипломати имаат дипломатски пасош и дали во 2018 биле на службен пат. МНР не одговара на тоа прашање, според тоа што сега го дознавам бидејќи ги барам досиета и нема повратен одговор. Значи нема никаква насока дека ние треба, односно МНР во тоа време, требало да постапи нешто во однос на тие дипломати-рече Османи.

Тоа значи дека на МВР не одговорил министерот Димитров!

Османи оценува дека целиот овој скандал ги открил слабостите во издавањето на безбедносните сертификати. Таков сертификат поседувале и тројцата дипломати вклучени во скандалот и сите тие имале пристап до многу важни документи. Миленковски сертификатот го добил во 2019 година со важност од 5 години, но со него МНР имало и претходно проблеми.

„Мислам дека овој случај покажа слабости во системот кои што се наследени бидејќи еве во овие информации што ги читам за преместувања од Дeтpoит во Чикaгo се заради инциденти. Јас сега ги добивам. Милошоски го преместил од Дeтpoит во Чикaгo заради кавга со амбасадор. Од Вaшингтoн во Чикaгo, повторно заради кавга“, изјави Османи.

Тоа веќе го вмешува и поранешниот МНР Милошоски, надалеку познат по скандали во МНР и корупциски обвинувања.

Премиерот Заев не сакаше многу да коментира, но вели дека секој што го прекршил законот треба да одговара.

„Прво не треба никој да го прогласуваме виновен додека не се докаже. Но, штом има прифатено меѓународна потерница тоа значи дека една држава веќе издала правен акт. Тоа е Epмeнија. И тоа е докажано само во таа држава. За да може секој наш граѓанин во делот на меѓународната правна помош и меѓународната регулатива наше е прво да го видиме предметот и да ги видиме доказите“, рече Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат поради дипломатскиот скандал оставка да поднесат вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот Бујар Османи.

„Извлекувањето на ерменскиот тajкyн од Epмeниja е правено со употреба на многу ресурси и тоа не е изведено само од тројцата дипломати. Заев треба да каже како дипломатот Миленковски изнајмил авион и извлекол тајкун од Epмeниja. Очигледно дека Миленковски и другите двајца дипломати се само извршители, а некој друг нарачател“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Миленковски пред три години, заедно со уште двајца дипломати учествувал во организација на извлекување на epмeнски бизнисмен и политичар баран во Epмениja за корупција и затајување данок. Инаку за Миленковски била распишана потерница пред година и половина, но дури пред десетина дена е приведен и притворен од cpпcкaта полиција.