ТEНЗИЧНO: Вyлин пpизнa штo знaчи Oтвopeн Бaлкaн

Балкан

Вулин, српскиот МВР кој дојде во Македонија во униформа, а Оливер Спасовски му реферираше како на шеф од Београд, конечно јавно призна што означува Отворен Балкан и кои се намерите на Cpбиja.

Тој изјави дека задача на оваа генерација српски политичари е да го створи „српскиот свет“ или т.н. Отворен Балкан. Вулин додаде дека ако тие сега не успееле, имал чувство дека нема да дочекаат следна генерација Cpби.

Булин отворено кажа дека случувањата во Цетиње, Црна Гора, јасно покажуваат дека колку е битно сите Cpби да се заедно и сложни и секогаш да настапуваат како еден политички народ.

Во изјавата за ТВ Пинк, министерот Вулин кажал дека е јако важно да се создаде т.н. „Cpпcки Cвет“ или Отворен Балкан со цел да се заштитат Cpбите и нивните интереси.

Тој во стилот на Милошевиќ повтори дека Cpбиja нема територијални претензии кон Црна Гора, но исто така не треба никој да се надева на 13% cpпска територија која се нарекува Kocoво.

Вулин се закани на сите нас на Балканот дека без Cpбиja нема мир на Балканот, а никој да не се надева дека може да и наредува на Cpбиja. Не можел да разбере зошто е Балканот мирен и стабилен само ако Cpбиja не мисли на Cpбите во другите држави, и кога на Cpбите можете да им правите што сакате.

Со ова Вулин покажа дека нема основен капацитет да разбере дека правата на Cpбите во Македонија, Kocoво, Црна Гора или Босна се внатрешни прашања на тие суверени држави, согласно меѓународни стандарди. Тој во стилот на Милошевиќ и политиките од 19ти век, ќе се грижел за Cpбите во други држави со практикување на сила.

Дали Cpбиja влезе повторно во лош филм од деведесеттите, откако политичари како Заев и Рама им потпишаа полтронство?

Дали Cpбиja е свесна дека ја чека нова национална катастрофа поради воскреснување на стариот сон за сите Cpби во една држава или т.н. Голема Cpбиja преку заевиот Отворен Балкан?