
СКАНДАЛ: Падна системот и за пописот
Симовски: „Падна“ интернетот, имаме мал застој со попишувањето!
Малку по 11 часот попишувачите ангажирани за пописот на населението, го алармирале Државниот завод за статистика дека не можат да влезат во апликацијата за пописот. Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски изјави дека не е проблем апликацијата туку дека проблемот е глобален, односно има проблем со интернетот во целата земја.
Симовски изјави дека го известиле Телеком и дека очекуваат во најкус временски период техничките проблеми да бидат отстранети и попишувањето на терен да продолжи нормално, како во текот на вчерашниот ден.
Последен пат кога им падна системот, ги фалсификуваа парламентарните избори. Дали следно е фалсификат на пописот? Кој ќе одговара за овој арам од држава?