ЖАЛНО: ЗАЕВ во тешка состојба

Забава

Премиерот Заев е во тешка состојба и веќе не се контролира што изјавува и дали е при себе кога истото го кажува, коментираат експертите за психички заболувања во земјава.

Противуставно е користењето на кратенката С. Македонија, изјави премиерот Зоран Заев и додаде дека тоа е понижување за државата и непочитување на Уставот. Тоа покажува дека состојбата на премиерот се влошува од ден на ден.

Тој апелира да се користи уставното име на државата, Република Северна Македонија, по сѐ почестата употреба на кратенката Република С. Македонија, која во последно време се користи и од политичари. Иако Заев поради тешката сосотојба заборавил дека државата има и кратенка, скратено име, а како граѓаните и политичарите ќе ја нарекуваат е нивни избор, а не одлука на Заев.

„Прво, нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С. Македонија. Тоа е понижување кон државата и Уставот на државата, секако и кон преспанскиот договор, кој прерасна во закон со ратификацијата во Собранието, а кај нас тоа е преточено и во Уставот. Јас можам да разберам дека некој не се согласува со вакцините и слично, но сите се согласуваме со демократијата. Демократијата вели тоа е новиот Устав што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во НАТО и ЕУ“, рече премиерот Заев.

Оваа лага за ЕУ и Преспански договор ја видовме пред само неколку месеци, кога Македонија и покрај промена на името се најде на маргините од процесот за проширување на ЕУ. Но премиерот Заев тоа го изумил, веројатно како последица од заболувањето.

За него, односот кон уставното име на државата кажува каков е, всушност, секој поединец. Што значи дека ако не сте севернизирани и не ја нарекувате својата Македонија со северна, тогаш не сте прифатлив граѓанин според Заев. Само не кажа дали и за тоа ќе покрене постапка за тероризам против 99% од граѓаните. Никој не користи северна во Македонија, освен Заев и пајташите на Заев.

„Граѓаните тоа го ценат, граѓаните знаат дека сите треба принципиелно, уставно и законски да се однесуваме и останува на сите одделно, пред сѐ, на политичките субјекти, кои се лош пример за ова, да го променат тоа во иднина. Тоа е нашата реалност, тоа е тоа, беше едно бреме што 27-28 години надвиснуваше над нашата земја, ги кочеше идните перспективи на сите наши граѓани“, рече премиерот Заев.

Особено нагласи дека почитувањето на Уставот и законите е обврска на политичките субјекти како пример за сите други граѓани.

Дали ова е нова задачка за Заев, која му ја даде неговиот шеф Дендијас на последната посета на Македонија пред неколку денови?