ТРАГИЧНО: Дали ова му доликува на ВМРО

Македонија

После драматичното отфрлање на понудата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски до Апасиев за заеднички настап на локалните избори, што предизвика потсмевање за Мицковски кај граѓаните, вчера пристигна нов повик.

Во вториот повик, овој пат упатен до партиските симпатизери, Мицкоски предлага во општините каде што Левица нема кандидати за градоначалници да се поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, која, пак, во вториот круг ќе поддржи кандидати на Левица. Дали тоа значи дека ВМРО ДПМНЕ е подготвено да поткрепи болшевици и психопати од Левица, кои се залагаат за Палестина и Северна Кореја, за Кина на Балканот и слични зелени работи? Левица е изразена антиНАТО и антиЕУ партија. Дали ВМРО ДПМНЕ станува иста таква?

Дополнително, Мицковски и ВМРО ДПМНЕ тврдат дека Левица и Апасиев се платеници на Заев! Дали тоа значи дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се подготвени да молат за коалиција платеници на Заев? Или и самите тие се дел од заевата екипа?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно ја повика Левица на соработка како опозициски партии на претстојните избори.

Иако претседателот на Левица, Димитар Апасиев неодамна јавно ја одби понудата од Мицкоски, „за обединување против власта“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сега се обраќа до симпатизерите на Левица. Во тоа одбивање настрада и Апасиев за кога сите граѓани дознаа дека не е во искрена борба против Заев, туку калкулира со власта.

Мицкоски предлага во општините каде што Левица нема кандидати за градоначалници да се поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, а неговата партија, како што вели, во вториот круг ќе поддржи кандидати на Левица.

Дали на ВМРО му доликува да моли и соработува со болшевици и антимакедонски елементи во земјава?