СКАНДАЛ: СДСМ во стилот на Груевски започна со анти кампања за Максим

Политика

Откако СДСМ не го поддржа, а тој објави дека на престојните локални избори ќе настапува независно, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски се соочи со тешката артилерија на партиските дувла на СДСМ и платени портали. Сето тоа во стилот на Груевски и ВМРО ДПМНЕ во времето кога отстрелуваа неистомисленици, особено кога се покрена движењето за реформи во партијата. Со истите тези и истите реченици денес СДСМ го напаѓа Димитриевски.

Целата лавина критики на социјалните мрежи е нарачана од бот центрите на СДСМ, а најголемите критики доаѓаат од лажни профили, зад кои се кријат платени актвисти, се коментарите на реалните граѓани кои знаат за валканите кампањи на партиите.

Лажните профили на СДСМ го допреа дното со пораки од типот „разочарани од неговото вртење грб на тие кои му ја додоа довербата“, СДСМ било семејството кои треба да се почитува, ги предал откако не ја добил поддршата за кандидатура, дека започнал со критики и ниски удари против партијата во која до вчера беше член… сето тоа буквално во стилот на сектата на Груевски и „вмроните“ од кои токму СДСМ палчеше и ги обвинуваше за слепило.

Тезите на партиското дувло се највеќе околу забелешеката зошто Димитриевски чекал дури сега за да ја критикува својата партија и јавно да ги изнесе забелешките кои ги имал. Пораката на Заев е дали доколку повторно бил кандидат на СДСМ за градоначалник исто така ќе се побунел дека неговата матична партија е узурпирана и шверцерска?

Димитриевски беше исклучен од СДСМ по неговата објава дека на престојните локални избори ќе настапува како независен кандидат со што го прекрши статутот на партијата.

Заевистите тврдат дека одлуката за исклучување од партијата е исправна, тој како член знаеше дека не смее да настапи како независен, ама пуста власт е прашање. Семејството треба да се почитува, а не да се кажува се пред камери. Проблемите да се решаваат во партијата, буквално истите зборови на груевистите за реформите во ВМРО ДПМНЕ. Како една мајка да ги раѓала Заев и Груевски.

Заевите послушници продолжуваат со „Додека беше градоначалник тогаш ок ти беше партијата, сега наеднаш не чини“, буквално исто како онаа „додека бевте на функции во ВМРО ок ви беше, а сега наеднаш не чини партијата“, исто како грујовите послушници.

Која е разликата помеѓу груевизмот и заевизмот? Постои ли?