ДОБРО УТРО од аматерката со Грујо ли е, Заев ли е?

Добро утро

Грујо ли е, Заев ли е?

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Со лопата или без, рушачот на режимот по стапките на својот претходник ќе ја држи власта во свои раце. ДКСК со “врзани” раце, ДИК со “врзани” очи, по истиот тертип, а владеачката структура си тера кампања со забранети дејствија од денот на распишување на изборите.

Под мотото “не гледај што правам туку слушај што зборувам” манипулираат со јавноста и држат пресови за некаква правна држава и сузбивање на корупција, мислејќи на некое друго – идно време! Вешто ги наштимаа огласите за вработување за изборот на кандидатите да биде после изборите, а со тоа да ги држат во “заложништво” потенцијалните на кои им го ветиле вработувањето.

Во меѓувреме, Вевчани и регионот добија туристички центар, а неговата реконструкција заврши точно после распишување на изборите и паралелно со објавување на кандидатот за градоначалник од СДСМ. Што е за право, истиот беше спектакуларно испромовиран без симболично сечење на лента! Така одеднаш, и мостот на „Љубљанска“ стана од исклучителна потреба на граѓаните!

Исто така, без симболично ринење со лопата, се испромовираа кандидатите од СДСМ за неколку општини. “Со еден куршум 5 зајаци” бидејќи овој мост ќе овозможи брз пристап од скопската обиколница до општина Карпош, како и подобро поврзување на оваа општина со општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари.

Ваквото дејствие инаку се нарекува и поткупување на избирачите “Член 37 од Закон за спречување на корупција”.

(1) Доколку Државната комисија дознае или има основи за сомневање за поткуп при избори и гласање, односно за давањето или ветувањето подарок или друга корист за себе или за друг, на избирач при избори или гласање на референдум, за да гласа или да не гласа или да гласа за определен кандидат или определена одлука, за тоа без одлагање писмено ќе го извести надлежниот јавен обвинител”.

Нека си тераат по свое се додека да ги дознаат надлежните институции, е кога ќе ги дознаат, тешко нив!