Што се роди на акушерска клиника во Скопје
Македонски авганистанец, Македонец со авганистанско етничко потекло, Авганистанец од Македонија или што денес се роди на скопската акушерска клиника?
![]()
Здраво машко бебе тешко 3,2 килограми роди Авганистанката која доцна синоќа пристигна во Македонија со авионот од Кабул, Авганистан. Таа се породила денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а лекарите велат дека и бебето и мајката се чувствуваат добро. Мајката била тестирана за ковид-19 и била негативна.

Поставеното прашање за идентитетот на детето е многу важно и воопшто не е шала. Тоа ќе биде македонски државјанин, а карактерот односно од идентитетот на државјаните зависи и иднината на земјава.




