Скопје утре се чисти во најмасовната еколошка акција досега!

Дали Знаете, СКОПЈЕ

Утре во 10 часот ќе започне голема еколошка акција за чистење на Скопје, во која, според најавите, ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

– Да оставиме пример што ќе се следи. Да создадеме навика што ќе трае и по завршувањето на секоја акција, порача градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Акцијата ќе започне утре, 30 септември, во 10 часот, а граѓаните се повикуваат масовно да се приклучат.

Истата ќе се спроведува на територијата на целото Скопје, односно во сите скопски општини. Во неа ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, јавни личности, спортисти и граѓани.

Целта е да се исчистат улици, паркови и јавни површини и да се поттикне поголема грижа за животната средина и јавниот простор.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата и заеднички да придонесат за почист и поуреден град.

Најавено е дека вакви акции ќе се организираат двапати месечно, со цел редовното чистење да прерасне во континуирана иницијатива.