Македонија доби светски јуниорски првак во кикбокс – БРАВО ШАМПИОНУ
Глигор Николов ѝ го донесе првиот златен медал на Македонија на Светското првенство за јуниори во кикбокс што се одржува во Лидо ди Језоло, Италија.
Николов славеше со 3-0 над Хасан Алајаров од Азербејџан во финалето од дисциплината лоукик во категоријата до 67 килограми. На патот до светската круна кај помладите јуниори тој ги победи и Мухамедибрахим Рафикжонов од Киргистан со 3-0 на стартот, потоа Јоанис Апоастолу од Грција со 2-1 и Канатулу Мансур од Казахстан со 3-0 во полуфиналето.
За светско злато ќе се борат и Калин Бабоски утре во финалето во лоукик до 63,5 кг против Украинецот Матвиј Кујавец во конкуренција на постари јуниори, како и Томи Андонов во киклајт над 81 кг против Србинот Алекса Алексов кај помладите јуниори.
Денеска до бронзен медал стигна Драгица Георгиева кај постарите кадети по поразот од 2-1 против Гркинката Евангелија Кристиу во полуфиналето во киклајт над 65 кг, a бронза доби и Петар Лозановски кај помладите јуниори во лоукик до 60 кг.
