Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски

Живот, Македонија, Спорт

Трагичната смрт на 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски ја потресе спортската јавност и цела Македонија. Младиот фудбалер го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец од клучката за Маврово кон Гостивар.

Загубата на Николовски особено тешко ја примија неговите соиграчи од ФК Дрита Боговиње, каде што тој се приклучи ова лето. Рамадан Шерифи, кој беше еден од стрелците во победата на Дрита над Јехона со 7:1, својот погодок му го посвети на трагично починатиот фудбалер.