Филипче се пофали: Висок функционер од ЗНАМ премина во СДСМ

Македонија, Политика

Луѓето се враќаат во СДСМ, објавија од опозициската партија.

Виктор Петков, претседател на Општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода, го напушта ЗНАМ и се приклучува на СДСМ.

Димитриевски им ветуваше дека ќе бидат коректив и алтернатива, а ги злоупотреби за свои лични бизнис интереси. Ја предаде својата партија, ги предаде гласачите.

Слични лаги сега слушаме за Платформата ЗНАМ 2.0.

ЗНАМ беше сателит на Мицкоски за ситнење на опозицијата и сега полека се гаси.

Си заминаа пратеници, советници, си заминуваат и луѓето што ги водеа општинските организации.

Луѓето препознаваат дека СДСМ е единствена неконтролирана опозиција. Вратите на СДСМ се отворени, СДСМ е наш заеднички дом.

Продолжуваме заедно да се бориме против криминалот на власта, за подобар живот на граѓаните.