Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Македонија

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп.

Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот за изведување со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје и со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп како надзорен орган, а ќе опфати вкупно 3.750 шахти од канализационата мрежа.

Во рамки на активностите ќе бидат поставени статички и стативни мамци од по 200 грама со родентицид, со цел навремена превенција и контрола на појавата на глодари во канализациониот систем.

Активностите на терен ќе се спроведуваат по работни групи, согласно утврдената динамика.

Во случај на обилни врнежи, дератизацијата ќе биде одложена и ќе продолжи во првиот нареден поволен ден за безбедно и непречено спроведување на активностите.

Општина Прилеп апелира до граѓаните за разбирање и соработка во текот на реализацијата на превентивната мерка.