(ФОТО) Само небото е граница: Познатата битпазарска дивоградба е завршена

СКОПЈЕ

На почетокот на годината, Скопје дозна за „Битпазарскиот урбанизам“, каде на постоечка зграда, врз поткровјето можеше да се забележи дека се креваат уште два ката.

Деновиве на социјалните мрежи кружат фотографии дека тие катови се веќе завршени.

Во коментарите под објавите скопјани велат дека најверојатно „само небото е граница“ и дека не сакаат ниту да помислат на некој посилен земјотрес.

Исто така, граѓаните јавно прашуваат и дали градежниот инспекторат воопшто презел нешто.

Еве како изгледаше истата локација во јануари: