НАЈНОВА ВЕСТ: Светот во паника по наглата промена на цената на нафтата денеска – стравот расте!
Цените на нафтата денеска забележаа силен раст, а барел од типот „брент“ за првпат од мај ја достигна границата од 105 долари.
Новиот скок доаѓа во услови на дополнителна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и зголемена загриженост дека во следниот период би можело да дојде до сериозни нарушувања во глобалното снабдување со нафта.
Цените повторно се искачија над психолошката граница од 100 долари по барел по засилените борби во Ормутскиот Теснец и Црвеното Море. Дополнителен притисок создаваат нападите меѓу САД и Иран, како и активностите на јеменските Хути против Саудиска Арабија.
Во текот на денешното тргување, цената на „брент“ и американската сурова нафта пораснаа за повеќе од четири проценти. Американската нафта во еден момент достигна 100 долари за барел, по што се стабилизираше околу 99 долари.
Најголемата загриженост на пазарите е поврзана со Ормутскиот Теснец, една од најважните точки за транспорт на нафта во светот. Секое дополнително нарушување на протокот низ овој регион може да предизвика нов раст на цените на енергенсите.
Поскапувањето на нафтата веќе создава дополнителен притисок врз инфлацијата, а инвеститорите стравуваат дека високите цени на енергијата би можеле да ги принудат централните банки повторно да ги зголемуваат каматните стапки.
