КАЈ ОРЦЕ НЕМА ПРАЗНИ ЗБОРОВИ: ПРИСТИГНАА НОВИТЕ ВОЗИЛА ЗА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА, СКОПЈЕ КОНЕЧНО ЌЕ СВЕТНЕ!
Нови возила за комунална хигиена пристигнаа во Скопје, со што се очекува да се зголемат капацитетите за собирање и одржување на јавната чистота во градот.
Градоначалникот на Скопје информираше дека возилата се обезбедени преку проект реализиран со поддршка од Светска банка, а промоцијата се одржа во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Според најавите, Град Скопје паралелно набавува и дополнителни специјализирани возила, како и повеќе од 3.300 нови контејнери, чија постапка е во завршна фаза.
Од Градот очекуваат обновената механизација и новата опрема да придонесат за побрзо и поредовно собирање на отпадот и почисти улици во скопските населби.
