КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЈА СТРЕСЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНСКА ОПШТИНА: ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА!

Македонија, Хроника

Поранешниот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, доби кривична пријава под сомнение за несовесно работење во службата, откако, според полицијата, во текот на 2024 година потпишал одобренија за изградба на фотоволтаични панели за фирма од Скопје која ја немала целокупната потребна документација.

Кривичната пријава ја поднесе СВР Охрид против 60-годишниот З.Н. од селото Волино и 43-годишниот И.М. од селото Мешеишта. Двајцата се осомничени за кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според информациите од МВР, првопријавениот во текот на 2024 година, додека ја извршувал функцијата градоначалник на Дебрца, со пропуштање на должен надзор и несовесно постапување при вршењето на своите овластувања и должности, потпишал одобренија за изградба на фотонапонски панели.

Од полицијата тврдат дека одобренијата биле потпишани иако тој знаел дека правното лице од Скопје за кое биле издадени не ја поседувало целокупната потребна документација од надлежен орган.

Во случајот е осомничен и тогашниот раководител на Одделението за урбанизам и јавни дејности во Општина Дебрца. Според МВР, токму второпријавениот ги изготвил одобренијата кои потоа биле потпишани од тогашниот градоначалник.

– Во текот на 2024 година, првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор, како и со несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, потпишал одобренија за изградба на фотонапонски панели на правно лице од Скопје, иако знаел дека правното лице не ја поседувало целокупната потребна документација издадена од надлежен орган – соопштија од МВР.

Одобренијата, како што додаваат од полицијата, биле изготвени од второпријавениот, кој во тој период бил раководител на општинското Одделение за урбанизам и јавни дејности.

Против двајцата е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.