Становите во Скопје драстично поскапеа – квадратот веќе има поголемо его од сопственикот, еве ги цените

Дали Знаете, ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, СКОПЈЕ

Скопје, и натаму се вбројува меѓу најпристапните престолнини во Европа за купување недвижност.

Во првата половина од 2026 година, просечната барана цена за продажба на стан во Скопје изнесувала околу 2.156 евра за квадратен метар, според податоците на „ЦенаКвадрат“. Тоа значи дека стан од 60 квадратни метри би чинел околу 129.400 евра.

Највисоки цени се забележуваат во Општина Центар, каде што квадратен метар во новоградба на атрактивна локација достигнува близу 3.000 евра. Во споредба со минатата година, кога просечната цена во Скопје се движеше околу 1.670 евра за квадрат, растот е значителен. објави Скопје1.мк

Инаку, пазарот на недвижности во Европа продолжува да бележи раст на цените, а трендот особено е изразен во градовите кои до неодамна важеа за попристапни за купување дом.

Според најновите податоци на Евростат за првиот квартал од 2026 година, цените на станбените објекти во Европската Унија пораснале за 5,1 отсто на годишно ниво, додека кириите се зголемиле за 3 отсто. И двата показатели се над стапката на инфлација од 2,3 отсто во Унијата.

Растот на трошоците за домување се чувствува и во домашните буџети. Во текот на 2025 година, просечниот жител на ЕУ издвојувал 18,9 отсто од расположливиот приход за домување, а во неколку земји тој удел надминал 30 отсто.

И додека Париз, Лондон, Цирих и Луксембург се меѓу најскапите пазари, дел од престолнините на Балканот и понатаму нудат значително пониски цени.