Меџити: Го менуваме Чаир со конкретни инфраструктурни проекти

Македонија

Улицата „Ферид Мурад“, една од поважните сообраќајници во Чаир, денеска се асфалтира на најголем дел од трасата, со што се привршува нејзината целосна реконструкција, објави Изет Меџити.

Според Меџити, со поставувањето на новиот асфалт улицата добива целосно нов изглед, а проектот треба значително да ја подобри инфраструктурата и секојдневното функционирање на жителите во овој дел од Чаир.

Тој оцени дека станува збор за инвестиција која видливо го менува овој дел од општината и создава подобри услови за граѓаните.

„Улица по улица, проект по проект, го градиме Чаир што го ветивме. Денес резултатите од оваа работа се гледаат насекаде“, порача Меџити во објавата.