Страшни бури го зафатија регионот, има мртви и повредени – Снимено торнадо
Силни бури погодија делови од Германија и Франција. Во Германија едно лице загина, додека неколку други се повредени. Снимено торнадо, кровови што летаат, дрвја што паѓаат.
Три департмани на југоистокот на Франција – Ардеш, Дром и Изер ќе бидат на портокалово ниво на тревога за грмотевици од денес во 15 часот , објави Метео-Франс.
По интензивната жештина во текот на вчерашниот ден, се очекува бурна епизода со обилни врнежи од дожд во кратки периоди, објави Фигаро.
Корзика исто така ќе биде на портокалово ниво од утре во шест часот поради грмотевици, со можност за локално силни налети на ветер и обилни врнежи од дожд.
Die Videos sind nicht von mir und wurden vsl. in Hessen bei Oberndorf bei Siegbach aufgenommen.#unwetter #gewitter #tornado #hessen pic.twitter.com/gwZfLM7jYj
— Jonas Sanoj (@JonasHe996) August 19, 2026
Смртни случаи има и во Германија.
Силни бури погодија неколку делови од Германија , каде што најмалку едно лице загина , неколку лица се повредени , а десетици згради се оштетени.
Во Валдорф во Рајнска област-Пфалц , 58-годишна жена беше убиена од дрво кое беше искоренето од бурата и падна на покриена површина каде што се засолни со друга жена, која беше сериозно повредена и однесена во болница, објави Шпигел.
Во Вестервалд, бурата оштети најмалку две згради , додека делови од фасади и други предмети одлетаа поради силниот ветер.
