Проданоски: Прилеп повторно беше центар на добрата забава и позитивната енергија
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, се огласи по завршувањето на Пиво фестивалот 2026, оценувајќи дека годинашното издание било успешно реализирано и поминало во одлична атмосфера, со голема посетеност и безбедно одвивање на сите фестивалски активности.

„Со одлична атмосфера, прекрасни музички настапи и илјадници насмеани посетители, успешно ја заокруживме и последната вечер од Пиво фестивалот во Прилеп“, истакна Проданоски.
Тој нагласи дека фестивалот уште еднаш потврдил дека Прилеп знае да биде домаќин на големи манифестации кои обединуваат луѓе, носат позитивна енергија и создаваат незаборавни спомени.

Проданоски упати искрена благодарност до сите посетители, музички изведувачи, организатори, спонзори, како и до институциите и службите кои со својата професионалност, посветеност и одговорност придонеле фестивалот да помине беспрекорно, во најдобар ред и без ниту еден инцидент.

„Ви благодарам што и оваа година бевте дел од Пиво фестивал Прилеп 2026. Заедно создадовме уште едно незаборавно фестивалско издание и уште една прекрасна приказна за нашиот Прилеп. Се гледаме повторно следната година“, порача градоначалникот.
