Сончево и многу топло – попладне локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Промена на времето се очекува од среда и во деновите потоа кога поради продор на постуден воздух од север и засилен северен ветер температурите ќе бидат во опаѓање. Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Во вторник ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Промена на времето се очекува од среда и во деновите потоа кога поради продор на постуден воздух од север и засилен северен ветер температурите ќе бидат во опаѓање. Врнежи од дожд и значително пониски дневни температури ќе има во петок.
