Битола отвора можност за нови сертифицирани лични асистенти за лица со попреченост
Општина Битола објавува јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи за спроведување на обука на лични асистенти за лица со попреченост, согласно Програмата за социјална заштита.
Право на учество имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:
• Поседуваат соодветна лиценца за спроведување на обуки за лични асистенти за лица со попреченост / верифицирана програма.
• Имаат искуство во областа на социјалната заштита и обуката на асистенти.
• Можат да обезбедат соодветна обука која води кон сертифицирање на учесниците.
Документацијата се доставува во архива или по пошта на адреса: Општина Битола, Сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ; Булевар „1-ви Мај“ бр.61; (со назнака – Пријава за обезбедување на услуга – Обука на лични асистенти за лица со попреченост) во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно со 31.07.2026. Пријавите доставени по е-маил нема да бидат разгледувани.
Повеќе на https://www.bitola.gov.mk/obuka-lichni-asistenti/
