🌦️ НОВ МЕТЕОРОЛОШКИ ШОК! ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – ЕВЕ ШТО ЈА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА!
По неколкуте исклучително топли денови, Македонија ја очекува промена на времето. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денот ќе започне со променливо облачно време и сончеви периоди, додека попладне во поголем дел од земјата ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
Во западните делови ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од западен правец, додека во источниот дел од земјата ќе преовладува северозападен ветер со умерен до локално силен интензитет.
Утринските температури ќе се движат од 11 степени во Берово до 15 степени во Гевгелија, а дневните ќе достигнат од 27 степени во Маврово до 37 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во делови од котлината попладне ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 13 до 32 степени.
Од понеделник повторно ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 10 до 20 степени, додека дневните ќе бидат меѓу 28 и 35 степени.
Слично време се очекува и во вторник, кога ќе биде сончево со мала локална облачност и умерен, наместа засилен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните ќе достигнат од 30 до 37 степени.
