Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Македонија

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за поддршка на жртви на родово и семејно насилство.

Средствата се обезбедени преку прифаќање на два амандмани во рамки на денешната амандманска расправа во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Во Комсијата за финансирање и буџет се разгледуваат Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година. Расправата во Комисијата како матично тело може да трае до 10 дена. Општата расправа започна на 3 јули, и по тридневна расправа во Комисијата започна амандманската распава. Поднесени се вкупно 224 амандмани.