Ердоган на лидерите на самитот на НАТО им подари пиштоли со изгравирани имиња

Македонија, Политика

Портпаролот на германската влада во средата изјави за Германската новинска агенција (Дпа) дека револверот наменет за германскиот канцелар Фридрих Мерц бил предаден во германската амбасада, каде што ќе биде спроведена постапката за законски увоз, по што ќе биде вклучен во збирката службени подароци.

Британскиот премиер Кир Стармер претходно им изјави на новинарите за време на летот кон дома дека Ердоган им го дал истиот подарок на сите лидери на самитот, при што секое оружје било изгравирано со името на примачот, пренесоа Гардијан, Би-би-си и Прес асошиејшн.

Според тие извештаи, Стармер го оставил својот револвер во Турција за да биде онеспособен, иако Ердоган приложил документ со кој се откажува од извозните ограничувања. Имено, увозот на оружје во Обединетото Кралство би бил спротивен на строгите британски закони за огнено оружје.

Од кабинетот на турскиот претседател засега не одговориле на барањето на Дпа за коментар во врска со подарувањето на оружјето.