Скокна минималниот износ за К-15 – еве колку пари ќе ни легнат на сметка годинава
Од 1 јули компаниите во приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15. Според актуелните пресметки, минималниот износ би изнесувал околу 19.116 денари.
Сумата е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот е околу 47.790 денари, а минималниот К-15 согласно колективниот договор изнесува 40 проценти од таа основица.
