„Живеам од продажба на мед и од социјална помош“ – Атиџе Муратова искрено за животот по филмот „Медена земја“
Атиџе Муратова откри колку заработува од продажбата на медот и рече дека зема социјална помош. Познатата медарка од која стана светски популарна по документарниот филм „Медена земја“ („Honeyland“), кој ја следи нејзината животна приказна во напуштеното село Бекирлија, вели дека славата не ја сменила.
Атиџе сега живее во општина Лозово, а во разговорот за Гламур.мк вели дека таму сите ја почитуваат.
„Живеам само од продажба на мед и од социјала што земам. Ама сега е сè скапотија, скапотија е многу. Не можеш да постигнеш, ама колку е толку е. Јас се плашам дека за оваа година, за медот, ќе биде малку криза пораdи сушата“, изјави Атиџе.
„Јас сум за помала продажба, а висококвалиетен мед. До по педесет килограми, сто килограми годишно продавам. Лани ќе имаше повеќе, но успеавме толку колку што успеавме, да им дадеме на луѓето, да бидат снабдени, задоволни“, рече познатата медарка.