Само силен желудник може да лиже таму каде што плукал – Таравари би сакал повторно во Владата на Мицкоски

Македонија, Политика

Таравари изјави дека е „понижувачки да се влезе од каде што си заминал“, но не ја исклучува можноста тоа да се случи со нов договор. Првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари не ја исклучува можноста од враќање во извршната власт.

Во емисијата „Дебата не Шења“ и прашан дали може да се случи враќање на Алијансата за Албанците во Владата, претседателот на А Арбен Таравари изјави дека е „понижувачки да се влезе од каде што си заминал“, но не ја исклучува можноста тоа да се случи со нов договор.

– Само со нов договор во кој би имало барем гаранција за почеток на преговорите со ЕУ и уставни измени во тој случај може да се разговара – рече Таравари, додавајќи дека во спротивно нема што да се разговара.