ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Македонија под удар на пороен дожд, грмежи и силен ветер!

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Под влијание на циклонска активност која од северозапад преку Алпскиот регион се спушта кон Балканот, во четврток, 4 јуни 2026 година, Македонија ќе биде зафатена од нестабилни временски услови.

Се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер на повеќе места низ државата. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Во главниот град Скопје и околината, исто така се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Според најавите од метео-аналитичарот Славчо Поповски, атмосферската нестабилност ќе биде резултат на брз продор на посвежа воздушна маса од северозапад, што ќе создаде услови за развој на конвективни облаци и локално поизразени временски непогоди.