Ралф Шумахер направи свадба со 14 години помлад политичар – синот му беше кум, носеа исти костуми
Пред да открие дека е геј и во среќна врска, што се случи пред неполни 2 години, Ралф беше во брак со Кора Шумахер со која има син – тој сега му беше кум на свадбата. Ралф Шумахер, помладиот брат на легендарниот Ф1 возач Михаел Шумахер, изминатиот викенд направи свадба со својот партнер Етјен Буске-Касањ.
Ралф, кој пред неполни две години призна дека е геј, и 14 години помладиот Етјен, носеа идентични тегет костуми, а кум на венчавката беше синот на Ралф, Давид, кого Ралф го има од бракот со Кора Шумахер.
Со ова Давид покажа дека му е поддршка на својот татко. Дури и поранешната сопруга, по бројните јавни навреди и препукувања, му посака среќа.
На свадбата, што се одржа во Франција, присуствуваа околу 110 гости, и тие мораа да се придржуваат до строг дрес-код.
Притоа, подготовките и самата свадба се снимаа, а документарецот во 4 дела, наречен „Ралф и Етјен: Велиме ‘ДА’“, веќе почна да се прикажува, но последната епизода ќе се емитува наскоро.
За потсетување, пред да открие дека е геј и во среќна врска, Ралф беше во брак со Кора Шумахер со која има син.
Парот се венча во 2001, а се разведе по 13 години брак.
