АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНИЈА: За три месеци починале речиси 2.000 лица повеќе отколку што се родиле
Во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3 380 и е намален за 4.1 %, информира Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2026 година бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5 342 лица, а од нив 9 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во ова тримесечје од годината се склучени 1 797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6.2 % во споредба со истиот период од 2025 година.
Во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година:
помалку живородени деца за 4.1 %
помалку умрени лица за 1.0 %
помалку склучени бракови за 2.7 %
повеќе разведени бракови за 6.2

