Димитриеска-Кочоска: Фокус на стабилен и развоен ребаланс на Буџетот

Македонија

Продолжуваат работните состаноци со ресорните министерства во рамки на подготовката на ребалансот на Буџетот за 2026 година, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Денеска, како што посочи таа, се одржуваат средби со Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за транспорт, Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија. На состаноците со нивните тимови се разговара за приоритетите, тековните проекти и потребите во секој од ресорите.

Димитриеска-Кочоска нагласува дека целта е преку внимателно планирање, координација и одговорен пристап да се креира ребаланс кој ќе обезбеди финансиска стабилност, поддршка на развојните политики и реализација на проекти важни за граѓаните и економијата.

 

Таа додава дека продолжува интензивната работа и конструктивниот дијалог со сите институции, со фокус на ефикасно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.