Малолетници со сечило барале пари од девојче во Чаир

Хроника

Малолетници во Чаир со закана со остар предмет одземале пари од девојче во Чаир, а според пријавеното од родителот, барале повторно да им даде следниот пат, соопшти МВР во дневниот билтен.

„На 17.05.2026 во 19:30 во СВР Скопје, Ф.М.(40) од Скопје пријавил дека на 07.05.2026 околу 08:00 часот на подрачјето на Чаир, неколку малолетници со закана со остар предмет од неговата 16-годишна ќерка одзеле пари и ѝ се заканувале дека повторно ќе треба да има даде во наредните денови“, објави полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.