Проданоски на одбележување на „Света Петка“: Мир, здравје и бериќет за сите семејства

Македонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на денот на осветувањето на црквата „Света Петка“ во Ново Лагово, каде заедно со жителите, гостите и пријателите беше одбележан празникот.

Проданоски истакна дека ваквите празници имаат големо значење за зачувување на традицијата, духовноста и меѓусебната поврзаност меѓу граѓаните.

„Убаво е да се види како традицијата живее низ генерациите. Празниците се токму за тоа – да нè зближат, да донесат мир во домовите и заедно да ни дадат сила да чекориме напред кон поубава иднина“, порача Проданоски.

 

Тој упати честитки до жителите на Ново Лагово, посакувајќи Света Петка да донесе здравје, среќа, бериќет и благосостојба во секое семејство.

„Нека Света Петка биде наш заштитник и нека донесе благосостојба за сите жители на Ново Лагово. За многу години денот“, истакна градоначалникот.