Невреме многу наскоро! Временска прогноза за следните шест дена

Времето денес, Македонија

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Утре ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во недела ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Во вторник повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Исто така, од УХМР за утре објавија карта со метео аларм за поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h).