Кој е Миро Кацаров и зошто цела Македонија се крена против неговото назначување за директор на Универзална сала?
Во јавноста се појавија остри реакции и обвинувања поради претстојноto назначување на водителот Миро Кацаров, кој во минатото активно работело против политиките и идеологијата на ВМРО ДПМНЕ.
Штипјанецот Александар Ѓорѓиевски, познат по неговото хуманитарно здружение, тврди дека Кацаров со години бил близу до структури на СДСМ, работело за поранешни функционери како Благој Бочварски и Сашо Николов, како и дека јавно агитирало за прифаќање на уставното име „Северна Македонија“. Дополнително, според објавата, истото лице активно се спротивставувало на враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и работело против партиските кандидати во локалните изборни кампањи во Штип.
Во реакцијата се поставуваат и прашања дали семејните врски, односно фактот што мајката на лицето наводно извршува висока функција во значајна судска институција во Штип, имаат влијание врз неговото политичко и институционално напредување.
Во текстот се упатува повик и до премиерот Христијан Мицкоски јавно да реагира доколку ваквите тврдења се точни, а како аргумент за сериозноста на револтот се наведуваат и негативните реакции на социјалните мрежи.
