
ЖАЛНО: Талибанците започнаа со силување и малтретирање жени
Во светските репортерски агенции се повеќе пристигаат извештаи за силовање и малтретирање на жените низ Авганистан, после преземање на власта од Талибанците.
Жртви се највеќе млади девојки, кои биле студентки или прифатиле да се школуваат и да не носат бурки. Нив ги сметаат за предавнички на талибанскиот режим, кој забранува образование на жените.
Напаѓани се група девојки кои бегале од Студентскиот дом, каде полицијата ги евакуирала бидејќи Талибанците пристигнале во Кабул и ќе ја претепаат секоја жена која не носи бурка.
Тие жени не може да си одат дома, бидејќи не смеат да користат јавен превоз. Возачите не сакаат да ги пуштат во транспортот, бидејќи не сакаа да преземат одговорност за превозот на жени. Исто биле нападнати девојчињата од дом, кои живеат надвор од Кабул. Тие беа преплашени и не знаеја каде да одат, изјавуваат за Гардијан.
Во меѓувреме, мажите што ги сретнуваат на улици ги исмеваат, со пораки „оди облечи бурка“! „Ова е вашиот последен ден на улица“! Дел од жените буквално се собираат од улица, кој и да посака да ги земе за жени. „Ќе се оженам за четири од вас во еден ден“ е пораката која еден од мажите на улица ја упатил до девојчињата.
Една од вработените во владината канцеларија трчала со километри за да стигне до другата страна на градот, да се врати дома. Жените не смеат да работат во јавна служба, а сите кои предходно работеле ќе бидат казнувани.
Го исклучив компјутерот со чија помош им служев на моите луѓе четири години. Со солзи ја напуштив канцеларијата и се збогував со колегите. Знам дека ова беше мојот последен ден на работа – една од вработените жени во Владата.
Дипломирав на два од најдобрите колеџи во Авганистан речиси истовремено. Во ноември требаше да дипломирам на Американскиот универзитет во Авганистан и Универзитетот во Кабул, но утрово се се сруши пред моите очи.
Жените мораат да ги сокриваат личните карти, дипломите и сертификатите, зашто која ќе се фати со документи кои не смее да ги има ниту една жена, ќе биде сурово казнета. Буквално жените се жртви на политичка војна што ја започнале мажите.
Чувствувам дека веќе не можам да се смеам гласно, дека повеќе не можам да ја слушам мојата омилена музика, дека повеќе не можам да сретнам пријатели во моето омилено кафуле, дека го носам мојот омилен жолт фустан или розов кармин. И повеќе не можам да одам на работа или да завршам факултет, изјавува друга девојка.
Низ Кабул масовно се сокриваат слики со жени. Дури се затвораат сите салони за убавина каде што оделе жените. Излогот со фотографии од девојки се прекриваат со боја.
Насекаде бегаат преплашени жени, а насмеани се грдите лица на мизогинистите, кои не сакаат жените да одат на училиште, да работат и да бидат слободни. Најтешко за жените е што нивните соседи и мажи, наместо на нивна страна, застанаа на страната на Талибанците и со тоа им дадоа уште поголема моќ.
Една од нападнатите жени била сираче, плетела теписи за да преживее, а сега не смее да работи. Треба да изгори се што постигнала во животот, наградите од Американскиот универзитет не смее да ги чува или користи.
Во меѓувреме, познат водител на вести и политички ток-шоу (име познато на редакцијата на Гардијан) рече дека нивните животи се промениле фундаментално во последните 24 часа.
Долги години работев сам како новинарка, со цел да го слушнам гласот на Авганистанците, особено на жените од Авганистан, но сега нашиот идентитет е уништен, и ние тоа не го заслуживме на кој било начин. „Затворени сме во нашите куќи, а смртта ни се заканува во секој момент“, рече таа.
Таа вели дека Кабул, некогаш слободен и бурен град, сега е исполнет со страв и тишина.
Кога претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата без предупредување, со себе зеде трошка надеж што беше во очите на жените – особено оние образованите.
Друг новинар на Гардијан го опиша моментот кога Талибанците влегоа во Кабул.
Бев надвор кога ми се јави брат ми и ми рече дека морам веднаш да си одам дома. Страшно е – опишува новинарката и додава дека некои жени и девојки биле тепани и силувани, и дека се плаши дека оваа судбина ќе ја снајде и неа.
Се плашам затоа што сум жена, а во исто време новинар на една од најголемите медиумски мрежи во Авганистан. Тие нема да имаат милост кон мојот сопруг и децата – рече таа, додавајќи дека многу новинари уништуваат траги од нивниот идентитет.
Десетина новинари од Авганистан беа во контакт со британскиот Гардијан во последните недели, документирајќи го падот и уништувањето на таа земја.