СКАНДАЛ: Полуде Јанез Јанша

Свет

Премиерот Јанша полуде со пораки на Твитер, како да е министер во власта на Путин, а не дел од НАТО.

Многу земји беа изненадени од брзината со која Талибанците го освоија целиот Авганистан. Јасно е дека станува збор за договор со „либералните“ талибанци, односно она што остана од нив после 20 години ќотек. Но само на путинизираниот Јанша не му е јасно.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја опиша ситуацијата во Авганистан и предавањето модерно оружје на Талибанците како „најголем пораз во историјата на НАТО“.

Јанша на Твитер рече дека оставањето на авганистанските сојузници на Талибанците е „терор“ и „срамен чин“.

Сето тоа е симбол на крајот на една ера – изјави Јанша, пренесува АП. Како да не е тој дел од НАТО и од таа ера!

Администрацијата на CAД и повеќето од меѓународната заедница беа „запрепастени“ од брзината со која Талибанците ја освоија територијата на државата, го зазедоа Кабул и ја презедоа власта, што доведе до општа паника и обиди за бегство од аеродромот во главниот град на Авганистан.