Проданоски: Првиот хард ендуро полигон во државата носи нови можности за Прилеп

Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани.

Според него, Топташ и оваа година бил местото каде што адреналинот, спортскиот дух и љубовта кон мотоспортот создале вистински спектакл, а големиот интерес, одличната атмосфера и бројните натпреварувачи се потврда дека настанот има сериозна иднина.

 

 

„Особено сум горд што заеднички го изградивме првиот хард ендуро и тренинг полигон од ваков тип во државата, простор што ќе остане да се развива и понатаму, носејќи нови настани, посетители и можности за Прилеп“, истакна Проданоски.

Тој упати благодарност до Хард Ендуро Клуб Прилеп, волонтерите, компаниите, поддржувачите и сите љубители на мотоспортот кои придонеле за успешната организација на „Топташ Родео 2026“.

На натпреварувачите им посака успешен и безбеден завршен ден, а на посетителите уште многу добра атмосфера и незаборавни моменти од манифестацијата.