Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот меѓу Македонија и Грција.

Во преносот, македонската репрезентација беше означена со „НМКД“ наместо со официјалната кратенка „МКД“.

Од РФМ оценија дека пропустот е неприфатлив и дека очекуваат надлежните да реагираат и да преземат мерки за да не се повтори.