Граѓанин фрли кауч до контејнер во Ново Лисиче (ВИДЕО)

Македонија

Утринава граѓанин фрли кабаст отпад до контејнер додека екипата на ЈП „Комунална хигиена“ го собираше ѓубрето. Каучот, натоварен на количка, беше прво внимателно довлечкан до контејнерите во Ново Лисиче, за потоа да биде и оставен во нивна непосредна близина.

Не е дозволено фрлање кабаст отпад до контејнерите, кои се поставени на јавна површина. Општината преку свои инспектори во соработка со МВР го спроведува санкционирањето на овие прекршоци.