
ДОБРО УТРО од аматерката: Вакцинирани по молови, невакцинирани по Шутка
Вакцинирани во молови и маркети, останатите на пазар и Шутка!
Од денес во молови, маркети само со сертификат! Владата ги заостри мерките за заштита од Ковид-19.
Од денеска и во угостителските објекти, кафулињата и баровите ќе може да влезат само оние коишто се вакцинирани или пак прележале Ковид-19.
На истата владина седница донесена е одлука учениците да ја почнат школската година со физичко присуство. Со оваа мерка родителите имаат нова поделба, родител- вакциниран и родител-невакциниран! Е сега, родител-вакциниран има право да купи потребен школски прибор и облека за своето дете во мол, а родителот – невакциниран ќе мора тоа да го направи на пазар и во Шутка!
На глупоста и нема крај! Уште на колку категории ќе дозволиме да не подели оваа власт?! Ние по навика ќе си молчиме, зошто “при сила нема правдина” и така до недоглег…